
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште” преку соопштение за јавност објави демант на тврдењата дека протестите што тие го организираат се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација.
„Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца.
Протестите ги организираме и ги водиме единствено ние – граѓаните.
Никому не дозволуваме да ја злоупотреби нашата борба за партиски или лични цели.
Нашиот единствен интерес е чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции.
Ги повикуваме сите сограѓани да останат обединети, да не подлегнуваат на дезинформации и да не дозволат нечија политичка агенда да ја поткопа нашата искрена борба.
Нашата сила е во нашето единство и во нашата решителност. Протестите остануваат, секој ден во 18:00 часот, на раскрсницата кај мостот Близнак“ се наведува во соопштението.