Skip to main content
Хроника

Три објекти синоќа гореле во скопско Козле

23/09/2025  13:37

На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин” во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.