Skip to main content
Хроника

Возел електричен тротинет, изгубил контрола и паднал: Заврши во болница

20/09/2025  16:35

На 19.09.2025 во 16:50 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„29-ти Ноември” во Ресен, Б.Ш. од Ресен додека управувал електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот, по што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од доктор во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.