Skip to main content
Македонија

Владата и министерствата со пад на транспарентноста, општините на исто ниво

16/09/2025  11:34

Денес, 16 септември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

  • Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.
  • Активната транспарентност на министерствата и Владата е намалена во однос на лани и изнесува 84 % (лани 86 %).
  • Општините го задржаа истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79 %.
  • Дури 44 % од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност (лани се влошиле 19 % од институциите).
  • Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност, а резултатот од 100 % годинава го освои и новоформираното Министерство за дигитална трансформација.
  • Кај општините, за разлика од лани кога дури пет општини го делеа првото место со 100 % активна транспарентност, годинава на ова место се задржаа само две – Кавадарци и Кичево.
  • Меѓу регионите, трета година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион (со иста активна транспарентност како и лани од 88 %).
  • На последно место, со намалена активна транспарентност во однос на лани се наоѓа Полошкиот Регион (со 71 % активна транспарентност, лани 73 %).
  • Најмалку информации, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 58 %, а општините 59 % од можни 100 %).
  • Огромно уназадување има кај одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање. Општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 15 дена), а министерствата одговорија за 23 дена (лани за 14 дена). Инаку, крајниот законски рок е 20 дена.
  • Само 54 % од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сторија 71 % од институциите).

Активната транспарентност е претставена и на специјалната веб-страница:  https://www.aktivnatransparentnost.mk/ со преглед на остварувањата на секоја институција од 2016 годинава наваму.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Вкупно рангирање според Индексот на активна транспарентност 2025

РангИнституцијаРезултат РангИнституцијаРезултат
МНОГУ ДОБРА 52Охрид84,3 %
1Кавадарци100,0 % 52Свети Николе84,3 %
1Кичево100,0 % 55МКТ83,3 %
1МДТ100,0 % 56Пехчево82,9 %
1Министерство за одбрана100,0 % 57Ново Село82,6 %
5Гази Баба98,6 % 57Чешиново-Облешево82,6 %
5Штип98,6 % 59Дебар81,4 %
7Берово97,1 % 59Тетово81,4 %
7Демир Хисар97,1 % 61Карбинци81,2 %
7Илинден97,1 % 61Чашка81,2 %
7Карпош97,1 % 63Виница80,0 %
7Кисела Вода97,1 % ДОБРА
7Кочани97,1 % 64Вевчани79,7 %
7Куманово97,1 % 65Новаци78,9 %
7Центар97,1 % 66Дојран78,6 %
15Влада на РСМ95,7 % 66Македонски Брод78,6 %
15МСП95,7 % 68Јегуновце78,3 %
17Крива Паланка94,3 % 68Теарце78,3 %
18Брвеница94,2 % 70Кратово77,1 %
18Градско94,2 % 71Неготино76,1 %
20Гевгелија93,1 % 72Могила75,4 %
21Битола 92,9 % 73Кривогаштани73,9 %
21Прилеп92,9 % 73МЖСПП73,9 %
23Министерство за финансии92,3 % 73Петровец73,9 %
24Бутел91,3 % 76Липково72,5 %
24Василево91,3 % 77Град Скопје72,1 %
24Зрновци91,3 % 78Министерство за транспорт71,7 %
24МЗШВ91,3 % 79Арачиново69,6 %
24Центар Жупа91,3 % 79Зелениково69,6 %
29Босилово89,9 % 79МОЗ69,6 %
29Дебрца89,9 % 79Пласница69,6 %
29Ѓорче Петров89,9 % 83Желино68,1 %
32Делчево88,7 % 83Чаир68,1 %
33Богданци88,6 % 85Ресен65,7 %
33Валандово88,6 % 86МЕРМС65,2 %
33Струмица88,6 % 87Министерство за спорт63,0 %
36Крушево87,1 % 88Струга61,4 %
36Македонска Каменица87,1 % 89Сарај60,9 %
36Радовиш87,1 % ПРОСЕЧНА
39МЕП 87,0 % 90Долнени59,4 %
39Министерство за правда87,0 % 91Гостивар58,6 %
41Маврово и Ростуше85,9 % 92Ранковце58,0 %
42Пробиштип85,7 % 93Шуто Оризари56,3 %
43Аеродром85,5 % 94Чучер-Сандево53,6 %
43Конче85,5 % 95Росоман52,1 %
45Министерство за здравство85,4 % 96Демир Капија50,0 %
46МВР84,8 % 97Боговиње49,3 %
46МЕТ84,8 % 98Студеничани46,4 %
46МЈА84,8 % 99Врапчиште43,7 %
46МЛС84,8 % 100Сопиште42,0 %
46МНР84,8 % 101Старо Нагоричане40,6 %
46МОН84,8 % СЛАБА
52Велес84,3 % 102Лозово33,3 %