
Од Општина Карпош утрово информираа дека поради скинат кабел, во прекин е уличното осветлување на дел од улицата „Будимпештанска“.
„Ве информираме дека поради скинат кабел, во прекин e уличното осветлување на дел од улица Будимпештанска“, информираат од Општината.
Од таму посочуваат дека екипите на општина Карпош направиле увид на местото и во најскоро време ќе го санираат дефектот.