Skip to main content
Македонија

Меџити наредил итно затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак

16/09/2025  08:27

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека „со одлука на министерот Изет Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак“.

Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена „со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди“.

„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици“, велат од Министерството, додавајќи дека „наредбата стапува на сила веднаш“.