
На 14.09.2025 во 13:34 часот на локален пат за кичевското село Мамудовци од слобода е лишен Џ.Џ.(31) од селото Колари, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки и притоа констатирале дека тој го управувал со брзина од 101 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.