Skip to main content
Македонија

Во пожарите во село Крапа изгореле сите овци на локален сточар, граѓаните се организираат да му помогнат

15/09/2025  09:07

Пожарите што летово беснееаја во Поречкиот регион освен што уништија повеќедецинска шума и неколку стари куќи, создадоа штета и врз сточниот фонд во тамошните села.

Според тврдењата на локалното население во селото Крапа уништено е цело трло со овци и целосно е изгорена храната за овците.

Граѓани, на социјалните мрежи алармираат дека сточарот Миле останал без своите овци, а до ден денеска не добил никаква поддршка од инситуциите.

„Во пожарот што беснееше во селото Крапа, настрада трлото и сета храна за овците на нашиот соселанец Миле. Колку што сум информиран, тој нема добиено помош ниту од општината, ни од државните институции, ни од месната заедница, освен од едно лице по потекло од Крапа кое дало финансиски средства. Да бидеме солидарни сите ние кои потекнуваме од Крапа, да му помогнеме да го обнови трлото, како и да му се обезбеди доволна количина на храна за зимскиот период. Сите донации ќе бидат јавно објвени на ФБ страницата на Крапа. Одговорно лице за собирање средства во селото е Миле Велковски 070 953 975, додека за Скопје ќе биде Зоран Митковски 078 210 497“ стои во објавата на социјалните мрежи.