
Откако десеттина дена ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ денеска на повик на „Стоп за Вардарипте“ граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“.
Блокадата започна нешто по 7.30, а граѓаните не отстапуваат од своите барања.
Тие бараат итно решавање на проблемот со Вардариште, но и со депонијата Дрисла за да престане загадувањето на населените места Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром.
Изминатите денови поради бројните пожари на Вардариште и Дрисла, но и пожарот во компанијата во Трубарево водухот во источниот дел од Скопје беше екстремно загаден, а граѓаните стравуваат дека ако во септември е вкава ситуацијата, тогаш уште полошо ќе биде зимата кога ќе почне и грејната сезона.