Skip to main content
Хроника

Скопјанец ја избодел вонбрачната партнерка додека спиела

14/09/2025  16:14

Ноќеска во 02:50 часот во СВР Скопје е пријвено дека во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, 39-годишна жена била нападната со остар предмет од нејзиниот вонбрачен партнер Д.М.(53) од Скопје додека спиела, при што се здобила со повреди.

Таа е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот.