
Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов утрово објави видео во кое порача дека пожарот во Трубарево е изгаснат.
Тој додаде дека со интервенцијата спасени била и други објекти во околина каде имало голема количина на пластичен отпад.
„Благодарение на брзината и пожртвуваноста на скопските пожарникари како и одлично организираната и координирана акција, при справувањето со пожарот во Трубарево успеавме да спасиме неколку објекти чиј двор но и самите објекти беа полни со пластичен отпад, со што успеавме да избегнеме уште потешко загадување“ порача Ангелов.