
Откако вчера цел ден го немаше, а вечерта одржуваше партиски настан во Чаир, првиот вицепремиер и министер за животна средина конечно се појавил во Трубарево некаде околу 2 часот по полноќ (судејќи по испратеното сооопштение од неговиот кабинет)
„Денешниот пожар во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад, со право предизвика загриженост кај сите нас.
Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент.
Веднаш по добивањето на информацијата за пожарот, сите надлежни служби – Министерството за животна средина, противпожарните екипи и другите институции – интервенираа навреме и ситуацијата во моментов е под контрола.
Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка.
До тогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност“ се наведува во изјавата на Меџити.