
Утринава комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип – Радовиш. Според првичните информации, во несреќата има загинати и повредени лица.
На местото на трагедијата интервенираат екипи на Итната медицинска помош со две возила, пожарникари од ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.
Очекувањата се во текот на денот Министерството за внатрешни работи да излезе со повеќе детали за причините и последиците од несреќата, пишува 4NEWS.mk.