Skip to main content
Скопје

Не помогна дождот – Дрисла и натаму чади

11/09/2025  10:13

Граѓаните на Аеродром, Лисиче, Драчево и други населени места се уште дишат канцерогени честички иако дожд врне цело утро во Скопје.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вели дека и претходните денови многу тони вода се исфрлени на депонијата, но чадењето продолжува. Тој најави дека се планира да се преземат и други мерки за да се стопира горењето, кое деновиве предизвика сериозно влошување на квалитетот на воздухот во главниот град.

Подетални информации за планот за целосно гаснење, тој најави за текот на денешниот ден.

Во меѓувреме и утрово како и во претходните денови, граѓани на социјалните мрежи се жалат на загаден воздух и неподнослиа смрдеа од Дрисла, но и од Вардариште.

Иако состојбата е алармантна, за сега, нема соодветна реакција од надлежните.