Skip to main content
Свет

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

10/09/2025  22:01

Со пораст од неверојатни 40% на акциите на „Oracle“, коосновачот и технички директор на компанијата, Лери Елисон, ја зголеми својата нето-вредност за 101 милијарда долари, достигнувајќи вкупно 393 милијарди долари, јавува Bloomberg. Тоа е најголемиот еднодневен раст во историјата на компанијата.

Маск, кој со години беше на врвот благодарение на успехот на Tesla, SpaceX и купувањето на социјалната мрежа X, сега е симнат од првото место по богатство.

Елисон, кој поседува 41% од „Oracle“, официјално стана најбогатиот човек во светот.