Skip to main content
Македонија

СДСМ до Мицкоски: Декласифицирај, па да видиме кој е уплашен

10/09/2025  15:55

Христијан Мицкоски е тој кој се крие зад празни флоскули и кој се плаши од вистината.

Ако Мицкоски нема што да крие, тогаш нека покаже храброст и нека ги декласифицира документите за кои зборува.

Зошто чека? Од што се плаши?

Нека се отвори вистината пред граѓаните, за сите да видат кој е уплашен.

СДСМ не се плаши од ништо и бара декласификација веднаш.

Затоа пораката до Мицкоски е јасна:
Декласифицирај, па да видиме кој е уплашен.