Skip to main content
Македонија

(Видео) Вицепремиерот Фетаи одбива да одговара на македонски јазик

09/09/2025  18:22

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата, денеска одби да одговори на новинарските прашања на македонски јазик.

На настанот по повод промоција на црвените таблички кои ќе ги издвојуваат службените возила, заедно со Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, изјава имаше и вицепремиерот Фетаи. По изјавата новинарите поставија свои прашања, а Фетаи на сите новинари им одговараше на албански јазик.

Кога новинарите го замолија да одговори на македонски Фетаи рече дека не може, „ако може да одговори на албански“.