Skip to main content
Хроника

Двајца мажи се истепале поради паркинг простор во Ѓорче Петров

08/09/2025  16:20

Вчера во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.