
Словенечката кошаркарска репрезентација предводена од Лука Дончиќ кој постигна 42 поена ја совлада Италија со 84:77 (29:11; 21:29; 22:16 и 12:21).
Словенија од почетокот на дуелот го имаше расположениот Дончиќ, кој постигна половина од поените за својата репрезентација и беше вистински лидер на тимот. Италија по водството на ривалот од 78:65 направи серија од 12-0 и успеа да намали на еден негатива, но до крајот на дуелот не постигнаа ниту еден поен.
Вечерва се игра последното осминафинале: Грција – Израел.
Резултатите на досега одиграните осминафинални дуели: Турција – Шведска 85:79, Полска – БиХ 80:72, Литванија – Летонија 88:79, Германија – Португалија 85:58, Финска – Србија 92:86 и Грузија – Франција 80:70.
Четвртфинални двојки: Турција – Полска и Литванија – Грција или Израел ќе играат во вторник, а Германија – Словенија и Финска – Грузија ќе играат во среда.