
Жител на неготинско Криволак бил лишен од слобода рано изутрина, по пријава дека нападнал малолетник, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Денеска во 3:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.А., на возраст од 25 години од село Криволак, неготинско, постапувајќи по пријава од С.Ј., на 52-годишна возраст од село Криволак, дека во близина на училиштето во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А., појаснија од СВР – Велес.
Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што беше посочено, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.