Skip to main content
Хроника

Физичка пресметка на паркинг во Ѓорче Петров, приведени три лица

05/09/2025  19:23

Вчера во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, поради тоа што околу 16:20 часoт на паркинг простор, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу себе.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.