Skip to main content
Хроника

Трагедија на патот Охрид – Св. Наум: Осумнаесетгодишно момче загина, а шестнаесетгодишник тешко повреден

13/11/2024  10:00

Тешка сообраќајна несреќа го потресе Охрид откако автомобил излетал од патот на релацијата Охрид – Св. Наум, во близина на населбата „Елешец“. Во несреќата животот го загуби 18-годишниот Д.Ц. од Охрид, додека неговиот 16-годишен сопатник се здоби со тешки телесни повреди.

Шеснаесетгодишниот сопатник бил веднаш пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде што му биле констатирани сериозни повреди. Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи извршија увид на местото на несреќата, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција.