Skip to main content
Хроника

Битолчанец се удавил во Охридското езеро

28/08/2025  15:23

Четириесетидеветгодишен битолчанец се удавил вчера во водите на Охридското Езеро.

Како што информираат од полицијата, на 27 август во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.