Skip to main content
Хроника

„Шкода Фабиа“ запалена во Идризово

28/08/2025  14:40

Денеска (28.08.2025) во 03:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица со запалива течност го опожариле патничкото возило „Шкода Фабиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на син на пријавителот Љ.В. (58) од село Идризово, скопско. По извршувањето на делото, сторителите го напуштиле местото со мотоцикл.

Пријавителот самостојно го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.