Skip to main content
Хроника

Изгоре „мерцедес“ во Карпош

28/08/2025  14:36

Денеска (28.08.2025) околу 03:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош избувнал пожар на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.К. (58) од Скопје.

Од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил навреме изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денот за утврдување на причините за пожарот.