Skip to main content
Скопје

Падна првиот снег уште во лето: Се избеле Романија

26/08/2025  11:35

На планината Родна во Романија падна снег, а метеоролозите предупредуваат дека температурата е пониска од вообичаената за ова време од годината.

Турист кој планинарел во понеделникот направил фотографија од снегот во близина на врвот Пјетросу, на надморска височина од над 2.000 метри.

Снимките објавени на социјалните мрежи брзо станаа вирални, објавува порталот Digi24.

Според Романската национална метеоролошка агенција (ANM), температурата во овој период е пониска од нормалната, а во градот Миеркуреа Чиуч, регистрираната температура е минус еден степен Целзиус.