Skip to main content
Магазин

Халид Бешлиќ хоспитализиран во болница, откажани концертите

23/08/2025  21:35

Познатиот пејач Халид Бешлиќ е примен во болница во Босна и Херцеговина на нефролошкото одделение, поради што беше откажан неговиот настап во Градачац.

Организаторите информираа дека концертот, кој беше закажан за среда, 27 август 2025 година, нема да се одржи поради здравствените проблеми со кои се соочува музичката ѕвезда.

„За жал за сите нас, мора да ве информираме дека планираниот концерт на Халид Бешлиќ е откажан поради здравствени причини. И покрај големата желба да се дружи со публиката на Градачац, Халид е принуден да се посвети на своето здравје и да го започне процесот на рехабилитација. Менаџментот го разбира разочарувањето на неговата лојална публика и ветува нови дружења во блиска иднина“, стои во официјалното соопштение.

Да потсетиме, Бешлиќ со години се соочува со здравствени предизвици. По тешката сообраќајна несреќа во 2009 година, во која го загуби окото и претрпе повреди на белите дробови, на пејачот му беше вграден стент, а дополнително се бори и со дијабетес – состојби кои бараат постојано медицинско внимание.