
Цврсто верувам во правда и посветена работа за она во што веруваш, лидер е човек кој покажува човечност, но не кукавичлук – посочува кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, во своето видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
Во обраќањето Шукова искрено говори за вредностите, животните лекции и личниот став кои ја водат и како човек и како политичар.
„Цврсто верувам во правда и правдина, како и во посветената работа за она во што веруваш. Тоа ми е водилка и како личност и како политичар“, истакнува Шукова, која во јавноста важи за човек со интегритет и одлучност.
Во однос на личните предизвици, Шукова вели дека знае и да се извини кога ќе згреши, но и да прости – вредности што, според неа, се неопходни за секој лидер, додавајќи дека искуството ја научило да препознава манипулативни личности.
„Научив да распознаам лажговци, мрзливци и профитери. Се држам подалеку од нив. Лидерот треба да покаже човечност, но не и кукавичлук“, посочува Шукова.
Таа за себе вели дека не е кавгаџика, но дека секој има право на сопствено мислење и секогаш го почитува тоа.
„Никогаш не навредувам и не ги оставам блиските и пријателите кога им е тешко“, вели Шукова во видео обраќањето, порачувајќи дека тоа е нејзиниот морален патоказ и така ќе го води и Скопје, со граѓаните и за граѓаните.