Skip to main content
Хроника

28-годишник натепан во продажен објект од сопственикот

23/08/2025  14:11

28-годишниот Р.К. од село Таринци пријавил дека бил физички нападнат од сопственик на продажен објект во селото.

„Вчера (22.08.2025) во 14:51 часот во СВР Штип, Р.К.(28) од с.Таринци, општина Карабинци, пријавил дека околу 14:30 часот во породажен објект во селото, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот Н.С., стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.