Skip to main content
Хроника

Нов случај на заталкан куршум кој оштети возило во Скопје

23/08/2025  14:09

Нов случај на заталкан куршум паднат врз возило во Скопје.

Вчера (22.08.2025) во СВР Скопје, Ц.С.(54) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје пронашол заталкано зрно од огнено оружје кое му го оштетило кровот неговото патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, се наведува во полицискиот билтен.

Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.