Skip to main content
Хроника

Семејна драма во Битола: Со нож го нападнал шурата, па ја претепал сопругата

23/08/2025  11:56

Полицијата уапси 30-годишен маж од битолското село Лера откако синоќа околу 21:40 часот нападнал млад битолчанец и физички ја нападнал својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола.

Според информации од полицијата, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во Битола го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесејќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и ја нападнал физички.

Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известено Јавното обвинителство. Од СВР Битола информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава против лицето.