
Од МВР информираа дека е обезбеден возачот и возилото со кое завчера во Скопје удри во електричен тротинет, при што беа повредени две малолетнички.
Вчера (22.08.2025) во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од с. Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.