Skip to main content
Хроника

Нова измама со лажна сообраќајка – жена од Тетово останала без 2.000 евра

21/08/2025  14:57

На 20.08.2025 во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа  во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.