Skip to main content
Хроника

19годишно момче починало откако со автомбил излетало од патот Струга – Дебар

21/08/2025  14:40

На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. 

Од добиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.