
Доколку барате балансиран, лесен и хранлив појадок кој ќе ве освежи и засити во исто време – чиа пудингот со свежи смокви е совршен избор. Овој едноставен оброк е идеален за летните утра, богат со растителни влакна, омега-3 масни киселини, антиоксиданси и природни шеќери. Смоквите, како сезонско овошје, му даваат слатка и ароматична нота која одлично се спојува со кремастата текстура на пудингот.
Состојки (за 2 порции):
- 4 лажици чиа семе
- 250 мл растително млеко (бадемово, кокосово, овесно или по желба)
- 1 лажица мед или јаворов сируп (по вкус)
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- 4–5 свежи смокви
- Малку рендана кора од лимон (по желба)
Подготовка:
Во стаклен сад или тегла, измешајте го чиа семето со растителното млеко, медот и ванилата. Добро промешајте и оставете да отстои 10 минути. Потоа повторно промешајте за да не се создадат грутки.
Покријте и оставете во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ.
Подготовка на смоквите:
Измијте ги свежите смокви, отстранете ги дршките и пресечете ги на половинки или четвртини. По желба, можете да сочувате неколку за декорација, а останатите да ги изблендирате во пире.
Сервирање:
Во чаши или тегли, прво ставете слој од пудингот, потоа наредете на зидовите од садот смокви, па наполнете од пирето од смокви и повторете со чиа пудигот. Украсете со свежи парчиња смокви и малку рендана кора од лимон за дополнителна свежина.
Пудингот најдобро се сервира ладен, наутро, како дел од здрав појадок или дури како лесен десерт.
Зошто да изберете чиа пудинг?
Природен извор на протеини и влакна
Ја поттикнува дигестијата и дава чувство на ситост
Лесен за подготовка – може да се подготви однапред
Без глутен и погоден за веганска исхрана