Skip to main content
Спорт

Асоцијацијата на италијански тренери бара суспензија на Израел

20/08/2025  21:46

Италијанското здружение на фудбалски тренери (AIAC) побара денеска Израел да биде суспендиран од меѓународните фудбалски натпреварувања поради војната во Газа.

Пред двата квалификациски натпревари за Светското првенство меѓу Италија и Израел, закажани за септември и октомври, Асоцијацијата испрати писмо до Италијанската фудбалска федерација со барање нивниот апел да биде проследи до УЕФА и ФИФА.

„Израел мора да престане. Фудбалот, исто така, мора да реагира. И покрај болката од минатото, никој не смее да ја загуби својата совест и човечност“, се вели во соопштението.

Во писмото се наведува дека „поради секојдневните масакри, кои одзедоа животи на стотици тренери, спортисти и спортски работници, легитимно е и неопходно да се побара привремено исклучување на Израел од натпреварувањето“.

Италија и Израел треба да се сретнат на 8 септември во унгарскиот град Дебрецин, а реваншот е закажан за 14 октомври во Удине. Минатиот октомври, кога ривалите играа во Удине во Лигата на нации, натпреварот беше обележан со протести и строги безбедносни мерки, вклучувајќи снајперисти на покривот на стадионот.

„Можеме да замижиме и само да играме фудбал, но веруваме дека тоа не е во ред“, рече потпретседателот на италијанската Асоцијација на фудбалски тренери Џанкарло Камолезе.