
Во Штип утревечер ќе се одржи Tribute концертот во чест на Тоше Проески. Во Дом на млади во Штип уште во утринските часови ќе се реализира хуманитарна крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“ – дело што го продолжува неговото несебично срце.
Организатотот, Горан Стаменков вели дека вечерта ќе биде вистински спектакал. Големиот концерт почнува од 20 часот, отворен со хорска изведба од дечиња од Штип, а веднаш потоа ќе настапат 16 македонски артисти.
Специјален гостин на вечерта е Александра Радовиќ, која ќе настапи со изведби од репертоарот на Тоше – во негова чест, од срце.
-Во текот на денските часови од 10 до 16 ќе се случи хуманитарна крводарителска акција овде во Дом на млади Штип, под мотото „Биди хуман како Тоше“. Поканети се сите крводарители, сите оние кои што сакаат да дојдат и да го сторат тоа. Потоа вечерта стратува официјалниот дел од концерт. Го отвораат дечињата од детскиот фестивал „Весело Штурче“, со хорска изведба на две песни од Тоше. Потоа започнува концертот, како што најавивме ќе го отвори Бени. Настапуваат уште 16 артисти од Македонија, а како специјален гостин, успеавме да ја договориме Александра Радовиќ, која со задоволство ја прифати поканата. Ќе настапи и таа со песни од Тоше, вели Стаменков.
Тој ги покани сите граѓани да бидат дел од концертот, а вратите на Дом на млади-Штип ќе бидат отворени од 19.30 часот, а концертот ќе почне од 20 часот.