Skip to main content
Македонија

Мицкоски на гробиштата во Кочани, запали свеќи за загинатите деца

20/08/2025  18:22

Премиерот Христијан Мицкоски денес престојуваше во Кочани, каде што ги посети гробиштата и запали свеќи на гробовите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот што на 16 март ја зави цела Македонија во црно.

За време на посетата, Мицкоски се сретна и со дел од родителите на загинатите деца. Еден од нив, Тошо Антов, татко на едно од жртвите, јавно се огласи на социјалните мрежи, оценувајќи го потегот на премиерот како човечки и достоинствен.

– Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сè човек. Денес така го доживеав и премиерот – како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно – напиша Антов.

Настанот предизвика силни емоции во јавноста, а пораката на семејствата е болката да остане надвор од политичките препукувања.