Skip to main content
Скопје

Орце Ѓеорѓиевски со Влатко Стефановски: Заедно за поубаво и покултурно Скопје

20/08/2025  18:11

Кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, оствари средба со маестро Влатко Стефановски, еден од најголемите македонски музичари и културни амбасадори на државата.

„Огромна е честа да испијам пријателско кафе со инспиративен разговор со музичар од светски калибар и гордост на Македонија, заедно со идниот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски. Како човек кој со својата уметност ја прослави татковината ширум светот, Влатко е еден од најеминентните што може да зборува за културата, духот на градот и визијата како Скопје да стане вистинска европска метропола“, изјави Ѓеорѓиевски.

Во разговорот, како што посочи кандидатот, Стефановски споделил идеи и совети кои ќе бидат вградени во неговата програма за развој на културата и урбаното живеење во главниот град.

„Кога културата и музиката ќе се спојат со визија и работа, тогаш градот станува повеќе од урбана средина – станува дом на духот, уметноста и заедништвото. Заедно, ќе го направиме Скопје културно катче достојно за иднината“, порача Ѓеорѓиевски, изразувајќи благодарност за поддршката од маестро Стефановски.