Skip to main content
Хроника

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

20/08/2025  15:26

Вишото јавно обвинителство во Лесковац одреди притвор за И.С. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Припадници на Министерството за внатрешни работи запреа автомобил „форд“ управуван од осомничениот на автопатот Ниш-Лесковац.

– Во шуплините на предното десно крило се пронајдени девет пакети, со вкупно 8.370 грама кокаин.