Skip to main content
Хроника

Кривична за маж од Македонска Каменица, бил агресивен кон лекар

20/08/2025  15:12

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

– На 15.07.2025 пред здравствена установа во Делчево, поради пропуштен термин, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон лекарот, известија од полицијата.