
Начинот на кој спиеме може да влијае врз нашето здравје и благосостојба. Некои луѓе претпочитаат да спијат на страна, други склопчени или „распослани“ на креветот, а има и оние кои спијат на стомак. Иако спиењето на грб можеби изгледа неприродно за некои, експертите истакнуваат дека оваа поза носи бројни здравствени придобивки.
Според порталот „Хелт лајн“, спиењето на грб помага за правилно и рамно држење на ‘рбетот, намалување на силната главоболка, ослободување на притисокот врз градниот кош и ублажување на затнувањето на синусите. Дополнително, оваа поза може да спречи појава на брчки и иритација на лицето.
Кај новороденчињата, Американската академија за педијатрија препорачува бебињата да спијат на грб за да се намали ризикот од синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (СИДС).
Неодамнешни истражувања покажуваат дека спиењето на грб и на страна се поврзани со помалку болки во грбот кај возрасните, во споредба со спиењето на стомак. И покрај овие придобивки, спиењето на грб не е најпопуларната поза – повеќето млади луѓе се навикнуваат да спијат на страна. Кај децата, односот помеѓу позите „грб – страна – стомак“ е речиси изедначен, додека повеќе од 60 отсто од возрасните Европејци спијат на страна.
Спиењето на грб, иако понекогаш неприродно, нуди бројни здравствени придобивки и може да биде едноставна промена што го подобрува квалитетот на сонот и целокупното здравје.