
Дијабетесот е една од најбрзо растечките хронични болести во светот и за жал, многу луѓе не знаат дека ја имаат. Познат како „тивок убиец“, ова заболување често се манифестира со симптоми кои се мешаат со секојдневна замореност или дехидрација.
Според д-р Порани Гундан, ендокринолог од Ургентниот центар во Бостон, особено жените честопати ги игнорираат сигналите на телото или ги поврзуваат со проблеми со бешиката и бубрезите. Сепак, овие симптоми можат да укажуваат на дијабетес тип 2, кој ако не се лекува, може да предизвика сериозни здравствени компликации, вклучително срцеви заболувања, оштетување на нервите и дури деменција.
Најчести и често игнорирани симптоми на дијабетес:
- Често уринирање: Телото се обидува да се ослободи од вишокот шеќер преку урината.
- Постојана жед: Дури и по консумирање течности, жедта останува; темната урина укажува на дехидрација.
- Замор: Недостиг на шеќер и течности во организмот доведува до чувство на постојана исцрпеност.
- Сувост на уста и лош здив: Поврзани се со дехидрација и треба да бидат сигнал за посета на лекар.
- Заматен вид: Високото ниво на шеќер ја повлекува течноста од ткивата, вклучително и од очите, предизвикувајќи проблеми со видот.
Раното препознавање и дијагностицирање на дијабетесот е клучно за спречување на сериозни компликации. Ако ги забележите овие симптоми, не чекајте – консултирајте се со лекар.