Skip to main content
Скопје

Нов жител во Скопската зоолошка градина – малата принцеза елен лопатар

19/08/2025  16:31

Скопската зоолошка градина се пофали со нов жител – срна која веднаш ги освои посетителите и вработените. Од ЗОО Скопје истакнаа дека новата принова им донела многу радости.

„Новиот жител на Скопје ЗОО ни донесе многу радост. Преубава мала дама од видот елен лопатар со ретка кафеава боја е најновата принова во скопската зоолошка градина“, соопштија од институцијата преку социјалните мрежи.

Посетителите се веќе воодушевени од срната, која ќе биде нова атракција за љубителите на животните и ќе помогне во промоцијата на зачувувањето на ретките видови.