
На 08.08.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по чл.396 ст.1 ст.3 ст.4 и ст.5 од КЗ.
На 13.02.2025 од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на А.Ф., како и во деловен објект во Штип.
При тоа се пронајдени 149 парчиња пиротехника, 215 куршуми и една ловна пушка, по што А.Ф. бил лишен од слобода.