Skip to main content
Македонија

Во функција четвртата целосно сервисирана локомотива

06/08/2025  17:56

Железници Транспорт АД Скопје денеска во функција ја пушти 4 -тата локомотива која е целосно сервисирана, а која поради неодржување од претходното раководство на компанијата беше надвор од експлоатација од 2023 година. Се работи за една од четирите локомотиви кои се набавија во 2018 година, а кои поради неконтинуираното сервисирање беа надвор од употреба повеќе од две години.

Од Железници истакнуваат дека во овој момент на располагање се вкупно 13 возови и локомотиви со кои значително се задоволуваат потребите на меѓународниот и внатрешниот железнички сообраќај.

Со враќање во функција на оваа локомотива целосно се покриваат потребите за железничкиот товарен сообраќај, што не беше случај пред една година кога немаше ниту една функционална локомотива за карго транспорт.