
Единаесетгодишно девојче е тешко повредено откако синоќа било удрено од автомобил на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во скопската општина Чаир, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според полициските податоци, несреќата се случила на 5 август 2025 година, околу 22 часот, кога патничко возило марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Ф.Ф. од Скопје, удрило во малолетната пешачка.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш било пренесено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Екипи од Секторот за внатрешни работи Скопје извршија увид на местото на настанот и работат на целосно расчистување на случајот.