Skip to main content
Балкан

Гром удрил на фудбалски терен за време на натпревар во Србија, 11 играчи повредени

03/08/2025  21:37

За време на фудбалски натпревар во Лозница, Србија, гром го погоди теренот, при што полесно биле повредени 11 играчи.

Како што објави порталот Нова.рс, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клубац и Цера од Петковица.

Според неофицијални информации, десет играчи од домашната екипа се полесно повредени, а еден играч од Цер е тешко повреден, кој е подложен на реанимација.

Тој моментално е на одделот за коронарна нега под надзор на лекари.