Skip to main content
Хроника

Починат 55-годишен скопјанец донесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција

03/08/2025  14:57

Починат 55-годишен скопјанец бил донесен во ГОБ „8 Септември“.

На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември” во Скопје бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје.

Според пријавеното, тој на 31.07.2025 паднал од тротинет, но не се упатил во болница за укажување на медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.