Skip to main content
Хроника

Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко

03/08/2025  12:13

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал надвор од коловозот во кавадаречко, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во ОВР-Кавадарци било пријавено дека околу 00:50 часот денеска на регионалниот пат село Мрежичко-Кавадарци, 23-годишен жител на кавадаречко село, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница – Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.